Манчестер Сити во време на коронавирус криза руши рекорди за најскап дефанзивец, испратена понуда до Атлетико

by
1 минути читање

Шпанецот потроши богатство на дефанзивци откако го превзеде кормилото на Манчестер Сити, но и понатаму одбраната му создава главоболки. Ова лето веќе е купен Нејтан Аке за 45 милиони евра, но „граѓаните“ нема да запрат тука.

Подолго време се говори дека Манчестер Сити го мерка Калиду Кулибали, но односите со Наполи се нарушени, преговорите се одвиваат бавно и постојат разлики помеѓу понудата и побарувачката.

На листата со желби има уште неколку имиња, а според пишувањата на АС, била испратена официјална понуда до Атлетико Мадрид за услугите на Хосе Хименес. На маса се ставени 89 милиони евра, плус додатни 5 милиони во бонуси.

Сумата од 94 милиони евра е рекордна, Уругваецот би станајл најкапиот дефанзивец во историјата, но Атлетико во моментов нема намера да го прифати предлогот и посочува на откупната клаузула во договорот на играчот вредна 120 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×