Пиши-бриши: Како Данило ја посрамоти ФИФА со твитот за вонземјанецот Кристијано Роналдо (ФОТО)

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо има фантастична сезона, му недостигна еден гол да испише нова историја, да стане напаѓачот кој постигнал најмногу погодоци во една сезона во Серија А во дресот на Јувентус и да собори рекорд старт 86 години.

Откако синоќа „старата дама“ освои ново Скудето, ФИФА побрза да му испрати честитка на
Португалецот.

„Десет погодока
во десет натпревари по ре-стартот на сезоната во Серија А му помогнаа на
Кристијано Роналдо да стане повеќекратен шампион во Англија, Шпанија и Италија
.
Ниту еден друг играч нема титула во
овие три првенства. Не е важно во која земја играте кога доаѓате од друга
планета“
– гласеше пораката на Твитер.

Првиот дел од
пораката е точен, Кристијано Роналдо е единствениот кој повеќе од еднаш бил
шампион во Англија, Шпанија и Италија. Сепак, вториот дел до твитот, дека ниту
еден друг играч не може да се пофали со титула од овие три првенства е
погрешен.

Токму на ова
реагираше Данило, кој има титула со Реал Мадрид во Ла Лига, со Манчестер Сити
во Премиерлигата и сега со Јувентус во Серија А.

Бразилецот веднаш
и пиша на ФИФА, стави неколку зачудени емоџи, а откако светската куќа на
фудбалот забележа дека е направен превид, го избриша твитот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×