Луческу по четири дена си замина од Динамо Киев: Не сум кукавица, но не се работи во ваква атмосфера!

by
1 минути читање

По кратки
авантури во Зенит и на кормилото на репрезентацијата на Турција, Мирчеа Луческо
минатата недела реши да се врати во Украина, романскиот стратег потпиша
двегодишен договор со Динамо Киев.

Но навивачите,
особено оние најзагреаните, веднаш се побунија поради неговата историја со
лутиот ривал Шахтар Доњецк и 12-те години поминати на чело на „рударите“.

Па Мирчеа Луческу
реши да стави крај на соработката со Динамо Киев по само четири дена.

„За жал решив да
се повлечам од соработката со Динамо Киев. Сакам да му се заблагодарам на
семејството Суркис (сопственикот на клубот) за укажаната доверба, но невозможно
е да рабтам во ваква непријателска атмосфера креирана од ултрас навивачите, чија
поддршка е потребна“
– ја образложува својата одлука стратегот.

„Никогаш не сум
бил кукавица, сум прифаќал спортски предизвици, доказ за тоа е преселбата од
Галатасарај во Бешикташ, или од Динамо Букурешт во Рапид Букурешт, кои исто
така се лути ривали. Но навивачите тогаш ме пречекуваа со раширени раце и надеж
дека ќе им донесам титули“.

„Тоа што го одбрав Динамо Киев нема никаква врска со парите, финансиите никогаш не ми биле примарна цел. Сакав да се вратам на фудбалот, да се вратам во Украина, каде искусив многу убави моменти“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×