Сити се разбуди по поразот од Арсенал, Вотфорд до последното коло ќе стравува за опстанок (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По елиминацијата од ФА Купот, тимот на Пеп Гвардиола денеска одигра многу подобар меч, убедливо го победи Вотфорд и прокнижи нови три бода.

Резултатот го отвори Стерлинг со супер шут по половина час игра на мечот. На пет минути до крајот на првото полувреме Стерлинг беше фаулиран за пенал, тој го изведе и ударот од белата точка, Фостер му го одбрани шутот, но одбиената топка дојде до играчот на Сити кој постигна уште еден гол за водство од 2-0.

Во 63. минута Фоден од една одбиена топка даде гол за 3-0, а конечните 4-0 ги постави Лапорте само три минути подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×