168
Во декември
минатата година, Кристијано Роналдо за прв пат по речиси шест години загуби во
финале откако Лацио со 3-1 славеше над Јувентус во Суперкупот на Италија.
Синоќа „Старата дама“ беше поразена од Наполи во Купот на Италија, па Португалецот
за прв пат во својата кариера загуби две финалиња едно по друго.
Во неговото
семејство очигледно не се навикнати да гледаат како други подигнуваат трофеи,
па сестрата на ЦР7 „распали“ по Маурицио Сари.
„Што повеќе тој
да направи? Сам не може да прави чудa. Не разбирам како тренерот можеше да игра вака… Главата горе, не можеше да сториш ништо повеќе“ – гласеше постот на Елма
Авеиро, на кој лајк стави и мајката на Кристијано Роналдо.