Кинезите не попуштаат, Игало оваа недела заминува од Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Искусниот нигериски фудбалер на Олд Трафорд пристигна на позајмица во јануари откако Рашфорд се повреди.

Но поради пандемијата од коронавирус Игало одигра само осум натпревари на кои даде четири гола и остави одличен впечаток.

Манчестер јунајтед преговараше за продолжување на неговата позајмица до крајот на сезоната, но Кинезите не попуштаат и сакаат тој да се врати кај нив веднаш по 31 мај.

Оле Гунар Солшер сака да го има Игало до крајот на сезоната бидејќи Јунајтед игра во три натпреварувања и може да одигра до 18 натпревари за два месеци.

Игало ги почна тренинзите со Јунајтед надевајќи се дека нешто ќе се промени до 31 мај, но тоа е малку извесно.

Добра вест за Манчестер јунајтед е тоа што Маркус Рашфорд се очекува да биде фит до почетокот на продолжението од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×