Денеска во Бундеслигата се игра дербито на сезоната

by
1 минути читање

По 27 одиграни натпревари Баерн Минхен е лидер на табелата со 61 бод, Борусија Дортмунд е втора со четири бода помалку.

Денеска новото коло од Бундеслигата се отвора токму со големото дерби, Борусија Дортмунд го пречекува Баерн Минхен со почеток од 18:30 часот. 

Двете екипи играат во извонредна форма. Доколку Борусија Дортмунд го добие овој дуел ќе се доближи на само бод до Баерн Минхен и ќе направи голем притисок во финишот од сезоната. Ако пак Баварците слават денеска, практично и ќе го решат прашањето околу шампионот.

Првиот натпревар оваа сезона меѓу двата ривала кој се одигра во Минхен, заврши со убедлива победа на Баерн од 4-0. Но сега формата на Дортмунд е многу подобра од тогаш.

За разлика од тој меч, сега Дортмунд во своите редови го има и Халанд кој во јануарскиот преоден рок се пресели во германскиот тим.

Покрај дербито, денеска се играат уште три натпревари во Бундеслигата, тие почнуваат од 20:30 часот. Баер Леверкузен – Волфсбург, Ајнтрахт – Фрајбург, Вердер – Менхенгладбах.

Утре се играат преостанатите пет меча од колото. Од 18:30 е дуелот меѓу Лајпциг и Херта, а од 20:30 играат Аугсбург – Падерборн, Дизелдорф – Шалке, Хофенхајм – Келн и Унион Берлин – Мајнц.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×