Ибрахимовиќ се повреди, дали е тоа крај на неговата кариера?

by
0 минути читање

„Скај Спорт Италија“ информира дека Ибрахимовиќ поради повреда предвреме го завршил денешниот тренинг.

Се стравува дека се работи за повреда на ахиловата тетива, но откако ќе ги заврши деталните тестови ќе се знае точно тежината на повредата.

Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 39 години и доколку се работи за потешка повреда поради која повторно ќе биде неколку месеци во аут, нема да биде чудно доколку тој одлучи да стави крај на фудбалската кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×