Јувентус има две формули за Милик, Наполи да си одбере двајца фудбалери или да прифати сложена позајмица

by
1 минути читање

Подолго време се
шпекулира дека Јувентус сака летоска да го ангажира Аркадиуш Милик како замена
за Гонзало Игуаин.

Голгетерот е под
договор до 2021 година, преговорите за продолжување на соработката пропаднаа, па
Наполи нема друга опција освен да го продаде. Но и покрај тоа, Аурелио Де
Лаурентис е тежок преговарач и бара околу 50 милиони евра за Полјакот.

Поради финансиската
криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, Јувентус нема да се расфрла
со пари, па има две формули за реализирање на зделката.

Според првата,
Наполи ќе треба да прифати трампа а АДЛ да одбере двајца од Лука Пелегрини,
Роландо Мандрагора и Кристијан Ромеро.

Според втората,
Аурелио Де Лаурентис ќе ги добие бараните пари, но не ова лето туку во иднина.
За оваа цел, Аркадиуш Милик ќе треба да стави потпис на нов договор со Наполи и
потоа веднаш да биде испратен на двегодишна позајмица во Торино, а Јувентус ќе
превзеде обврска да го купи напаѓачот за година – две.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×