156
Бенитез веднаш би го напуштил кинескиот клуб Далиан Ифанг и би се вратил во Њукасл каде што во процес е промена на сопственичката структура.
Бенитез се поврза со фановите на Њукасл но не и со сопственикот Мајк Ешли кој не сакаше да вложи во конкурентен тим и полесно му беше да се раздели со шпанскиот стратег.
„Телеграф“ пишува дека Бенитез сака да се врати во Њукасл бидејќи сега ќе може да креира силен тим. Две негови трансфер желби се Рос Баркли од Челси и Џон Стонс од Манчестер Сити. Двајцата англиски репрезентативци кои не се во преден план кај Лампард односно Гвардиола.