„Ако Вернер сака да биде резерва нека го одбере Ливерпул… 9ка како него му треба на Манчестер јунајтед“

by
1 минути читање

Тимо Вернер денеска постигна хет-трик на гостувањето кај Мајнц каде Лајпциг победи со убедливи 5-0. Неговото име силно се поврзува со големите Премиерлигаши, пред се со Ливерпул, но интерес има и од Манчестер јунајтед и Челси.

Овен Харгривс смета дека Вернер перфектно ќе се вклопи во Манчестер јунајтед, додека во Ливерпул не му е загарантирано местото во стартниот тим.

„Тој нема да може да му го земе местото на Боби Фирмино кој е еден од моите омилени фудбалери за гледање“, вели Харгривс.

„Каде и да оди треба да игра. Со начинот на кој игра Манчестер јунајтед сега, би можел да го видам таму. Потребна им е деветка“.

„Челси би можел исто да биде добар избор. Би бил перфектен во системот на Ливерпул, но не му е гарантиран стартерски статус. Ако сака да ротира во офанзивните три, тогаш океј, ќе биде добро засилување за Јирген Клоп“.

„Вернер работи напорно, одличен голгетер е, одличен соиграч, сите работи кои им се потребни, но нема да игра пред Роберто Фирмино, не можам да го видам тоа. Фирмино е премногу добар во тимот на Ливерпул“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×