Гигантите пак имаа што да видат, Вернер постигна хет-трик и изедначи постигнување старо 21 година (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тимо Вернер е во бележникот на речиси секој гигант ширум Европа. Германецот има откупна клаузула од 60 милиони евра (некој извори велат дека ќе падне на 50 милиони доколку РБ Лајпциг не стане шампион на Германија), па е интересна опција за Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челси, Интер, Јувентус, Барселона, Реал и многу други.

Со оглед на тоа дека фудбалските натпревари во овој период се бројат на прсти, сите очи се вперени кон Бундеслигата, а скаутите пак имаа што да видат, напаѓачот денеска постигна хет-трик во победата над Маинц од 0-5.

Со новите три гола, Тимо Вернер изедначи постигнување старо 21 година и стана првиот играч по сезоната 1998/99 (Улф Криштен) кој постигнал два хет-трика против ист противник во иста сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×