Официјално: Фудбалските возбудувања во Шпанија продолжуваат на 8 јуни

by
1 минути читање

Фудбалските
возбудувања во Шпанија можат да продолжат почнувајќи од 8 јуни, потврди
шпанскиот премиер Педро Санчез, а се чини дека Ла Лига би можела да биде втора
по Бундеслигата која се враќа на програмата од најдобрата петорка првенства низ
Европа.

Санчез утрово и
официјално читајќи соопштение за јавноста, меѓудругото се насочи и кон
прашањето за тоа кога би продолжил фудбалот во Шпанија, а премиерот на таа
земја ја увери јавноста дека најлошото сега е зад нив по кризата со пандемијата
од Ковид-19.

Ла Лига може да
продолжи од 8 јуни, топката повторно ќе се тркала низ терените, но со сите
потребни здравствени и безбедносни мерки кои ќе бидат во целост запазени

посочи Санчез.

Германската
Бундеслига се врати на програмата, а ова е втор викенд кај нив по суспензијата
поради пандемијата, италијанската Серија А се најавува да продолжи на 13 или 20
јуни, додека пак за Премиерлигата се уште нема прецизирано датум, но се
споменува 12 јуни (петок), Французите не сакаа да ризикуваат па ставија крај на
сезоната, со што ПСЖ ја освои титулата. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×