Славен шпански судија одговори колку од судиите навиваат за Реал, а колку за Барса

by
1 минути читање

Прашањето кое му беше поставено на судијата Итуралде Гонзалез гласеше: „Знам дека ќе речеш дека судиите се професионалци и ти верувам. Но од твоето професионално искуство, колку од судиите навиваат за Реал Мадрид а колку за Барса? 80% – 20%?

Одговорот на судијата бешe јасен: „90% – 10% во корист на Реал Мадрид“.

„Сакале или не, 70% од популацијата со исклучок на Каталонија е за Мадрид. Сега Барселона има повеќе фанови отколку што имала претходно поради титулите кои ги освојуваше Пеп Гвардиола и ерата на Меси“.

Итуралде Гонзалез помина 17 години како судија во Примера и добро знае кој за кој навива, но не верува дека тоа има влијание врз донесувањето на одлуките.

„Тоа за кој навива судијата нема влијание на судењето. Јас сум од Билбао. Сите знаат дека сум за Атлетик. Но би си го нарушил угледот, реномето ако не судам фер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×