214
Мино Рајло му бара нов клуб на Балотели, тој веќе отворил преговори со Васко да Гама и Галатасарај кои покажале интерес за напаѓачот.
Минатото лето Балотели се врати во Италија но не ги исполни очекувањата. Постигна пет голови во 19 натпревари од Серија А.
Има договор со Бреша до јуни 2022, но нема намера да игра во Серија Б каде што неговиот сегашен клуб е на добар пат да се пресели.
Бреша во моментов е последна на табелата со девет бода помалку од местата кои обезбедуваат опстанок.