Нани раскажува како е да го имате Роналдо за цимер: Не се натпреварува со вас само кога спие!

by
1 минути читање

Во разговор со
подкастот на Манчестер јунајтед, Нани раскажа како е да го имате Кристијано
Роналдо за цимер. Кога Португалецот во 2007 се пресели на Олд Трафорд, тој
заедно со новајлијата Андерсон живееле во домот на ЦР7.

„Андерсон играше
во Порто, па не го познавав многу, знаев само дека се работи за одличен играч
кој правеше разлика на теренот во првенството. Еден месец живеевме заедно во куќата
на Кристијано. Беше прилично забавно“
– вели Нани.

„Постојано се
предизвикувавме. Имаше одлични, смешни моменти. Си помогнавме многу еден на
друг. Затоа на почетокот не ми беше многу тешко, исто и на Андерсон“.

„Роналдо обожаваше
да се натпреварува, беше многу компетитивен. Кога сте кај него дома, ве предизвикува во секој момент.
Имаше базен, тениско игралиште и пинг-понг маса. Како ова да му беше малку,
па наместо кој е подобар, понекогаш се натпреваруваше кој повеќе знае, или кој
е во право, или кој ја кажжува вистината…“

„Мирно беше само навечер, ќе заседневме на каучот, ќе почневме да
дискутираме и по некое време Кристијано ќе исчезнеше во кревет да спие. Но затоа
стануваше два часа пред нас, а јас и Андо бевме уморни кога ќе се разбудевме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×