Федерацијата пресече: Доколку коронавирусот повторно ја прекине Серија А, ќе се игра плеј-оф за Скудетото!

by
0 минути читање

По последниот декрет
на владата на Италија, ФФИ денеска имаше состанок на кој даде зелено светло за
продолжување на фудбалот во Серија А, Серија Б и Серија Ц, како и прекин на Серија Д.

Првите три лиги во
Калчото добија рок до 20. август за финиш на сезоната. Доколку коронавирусот
одново го стопира фудбалот, Фудбалската федерација на Италија предвидува
плеј-оф мечеви за титулата, како и за позициите кои ќе носат испаѓање, односно
промоција.

Доколку нема
услови за одигрување ниту на овие натпревари, тогаш ќе биде одреден конечен
исход на табелата со примена на објективен коефициент за корекција. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×