Новата фризура може скапо да го чини, Тотнем отвори истрага против Орие

by
1 минути читање

На Серж Орие очигледно не му доаѓа памет, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска веќе два пати ги прекрши правилата за социјална дистанца и беше принуден да се извинува и да донира пари откако џогираше во парк со пријател, а одработи и тренинг со соиграчот Муса Сисоко.

Десниот бек се
чини дека по трет пат ги прекрши правилата за социјална дистанца откако на
социјалните мрежи се пофали дека има нова фризура. Како дел од карантинот во
Велика Британија, берберските салони не работат до јули
и не се дозволени куќни посети.

За проблемот да е
поголем, ова се случува во време кога се прават првите тестови за коронавирус и
фудбалерите се враќаат на тренинг под строги услови и протоколи.

Од таборот на
Тотнем само кратко порачаа дека во тек е истрага и ќе следи санкција доколку се
докаже дека Серж Орие ги прекршил правилата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×