Нејмар и ова лето
се поврзува со трансфер во Барселона, се говори дека напаѓачот е подготвен да
се откаже од многу милиони за одново да го облече дресот на „каталонците“ и
веќе одбил богата понуда (премија од 100 милиони евра) за продолжување на договорот на договорот со ПСЖ.
Сепак, Вагнер
Рибеиро смета дека и ова лето ништо нема да се случи, финансиската криза која ќе
настане поради пандемијата на коронавирус ќе спречи враќање на Нејмар на Камп Ноу.
„Мислам дека Нејмар
ќе остане во ПСЖ, трансферот пазарот ќе биде многу различен. Економијата во
светот на фудбалот ќе се промени“ – вели Вагнер Рибеиро, кој е агент од доверба
на фудбалерот.
Тој исто така открива
дека ова време минатата година имал состанок со првиот човек на Реал Мадрид,
Флорентино Перез.
„Во неколку наврати
бев во Мадрид бидејќи цел на Флорентино Перез беше ангажман на Нејмар. Токму во
мај седевме во неговата канцеларија и тој ми кажа дека сонува да го купи
Нејмар“.