Шест случаи на коронавирус во Премиерлигата по првиот бран тестирања

by
1 минути читање

Шест случаи на
коронавирус излегоа во почетната фаза од тестирањето за Ковид-19 во
Премиерлигата, позитивните тестови доаѓаат од три клуба, а со
оглед на протоколот на Островот, истите се неименувани, па се водат како
фудбалски, односно не-фудбалски персонал во клубовите.

Тестирањата за
Ковид-19 беа извршени во неделата и во текот на вчерашниот ден, протоколот на
Англичаните вели дека тестирања ќе се вршат два пати во една седмица од сега па
натаму, 40 тестирања ќе се изведуваат во секој клуб, а истите пред стартот на
предвидениот тренинг.

Премиерлигата
денеска може да потврди дека во неделата (17. мај) и понеделникот (18. мај),
748 фудбалери и останати членови на тимовите беа тестирани за Ковид-19, од овие
тестирања, бележиме шест позитивни случаи на коронавирус кои доаѓаат од три
клубови, фудбалерите или останатиот персонал кои биле позитивни на тестирањето
ќе одат во самоизолација во период од седум денови
“ се вели во соопштението кое
го објави Премиерлигата.

Тестирањата
утврдија дека само 0,8% од истите донеле позитивни случаи на коронавирус, а
сево ова сигурно ќе биде дополнителна мотивација за Премиерлигата да продолжи
активно по својот план од „Проектот Рестарт“, а резултатите од тестирањето сега
овозможува дозвола за групни тренинзи, со тоа што ќе бидат вклучени сите
индивидуалци кои биле негативни на тестирањето.

Како и да е, под
групни тренинзи ќе се подразбира помали групи од најмногу до пет фудбалери кои
ќе можат да работат заедно, на истите тренинзи ќе се применува и социјална
дистанца, а тренинзите нема да траат подолго од 75 минути за било кој фудбалер.

Се споменува 12.
јуни како датум кога ќе продолжат возбудувањата во фудбалска Англија, Германија
веќе продолжи со натпреварите како единствено првенство помеѓу петорката
најатрактивни во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×