Бартомеу лично разговарал со Леви за трансфер на Кејн, категорично бил одбиен во таквата намера

by
1 минути читање

Барселона имала
официјален контакт со Тотнем околу можноста да го ангажира нивниот напаѓач Хари
Кејн ланската година, меѓутоа нивниот обид категорично бил одбиен од првиот
човек на англискиот клуб, Даниел Леви.

Каталонците
подолг период се обидуваат да пронајдат адекватен наследник на Луис Суарез кој
веќе наполни 33 години, а напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез извесен период
се споменува како најидеалното решение за клубот од „Камп Ноу“.

Како и да е, пред
да тргнат по Аргентинецот, една од желбите на Барселона бил токму Кејн, а
самиот претседател на Каталонците, Жозеп Мариа Бартомеу стапил во контакт со
Леви за да разговараат околу можен трансфер на Англичанецот, меѓутоа
категорично бил одбиен во таа намера, пишува „Мундо Депортово“.

Леви бил одлучен
во идејата ѕвездата на Тотнем да остане во клубот, односно да не биде продаден,
а Кејн изминатите неколку години во низа се разви во еден од најдобрите
напаѓачи во светот на фудбалот, досега на 198 настапи за Премиерлигашот успеа
да постигне 136 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×