Во семејството на Тоти имало големо „лоби“ за тој да се пресели во Лацио

by
2 минути читање

Одигра 618
натпревари во дресот на Рома, постигна 250 погодоци во 23 години минати во „Римската
волчица“, каде најпрво дојде од младинскиот погон на Лодигиани (1989), за по
три години во подмладокот на Рома, да почне во сениорскиот состав на тимот од
Рим, меѓутоа можел да заврши во тимот на најлутиот ривал Лацио, а за тоа имал
големо „лоби“ во своето семејство.

Мојата мајка
беше голем навивач на Лацио, и тоа поради мојата баба, јас играв во Лодигиани и
мојот брат Рикардо ме повика да разговараме со моите родители околу моите две
опции, јас лично немав никакви дилеми, татко ми и брат ми беа навивачи на Рома

вели Тоти за шпански „Либеро“.

Ја одбрав Рома,
но моето семејство го преферираше Лацио бидејќи тој клуб ќе ме платеше, за
среќа, ја донесов вистинската одлука
“ додава Тоти.

Легендата на „Римската
волчица“ во интервјуто говореше и за тоа како лесно можел да си замине од
клубот, нешто што е познато, особено во 2003. година, а фаворит за неговиот
потпис беше Реал Мадрид.

Имав понуда од
Реал Мадрид, севкупно 20-25 милиони евра, а Рома можеше да заработи многу на
тој трансфер, бев 80% сигурен дека ќе си заминам, ми понудија многу, дури и
десетката на Фиго, таму беше Раул, капитенот и симбол на клубот, кој заработуваше
најмногу од сите, секој фудбалер кој пристигнуваше во тој клуб заработуваше
помалку од него
“ вели Италијанецот, кој открива дека неговата сопруга Илари
Бласи ја напуштила работата да замине со него во шпанската престолнина.

Размислував
многу за ова, Илари (пред да се венчаме) ми рече дека ја оставила работата за
да дојде со мене, но, на крајот разговарав со Франко Сенси (поранешниот прв
човек на Рома, инаку починат), ги расчистивме сите потребни детали, и на крајот
останав, тоа беше избор на моето срце
“ издвои легендата на Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×