Сонг: Ми кажаа дека нема да играм многу во Барса но ми беше гајле, знаев дека ќе станам милионер

by
1 минути читање

Камерунецот во
сезоните 2010/11 и 2011/12 се промовираше во еден од најдобрите играчи на
Арсенал, па на негова адреса пристигна примамлива понуда од Барселона.

„Каталонците“ во
средниот ред имаа играчи како Чави, Иниеста, Фабрегас, Бускетс и Тиаго Алкантара,
па беше јасно дека Алекс Сонг ќе има ограничена минутажа. Но и покрај тоа, реши
да го замени Емирати со Камп Ноу.

Во разговор на Инстаграм со
неговиот сонародник Паскал Сиакам (кошаркар на Торонто Репторс), Алекс Сонг
сега откри дека понудата била предобра да се одбие, му било гајле што немал да
игра многу бидејќи знаел дека ќе стане милионер.

„Кога Барселона
ми понуди договор и видов колку пари ќе заработувам, не ми требаше многу време
да одлучам што сакам. Сметав дека мојата сопруга и деца треба да имаат комфорен
живот кога ќе ставам крај на кариерата“
– раскажува фудбалерот од средниот ред.

„Се сретнав со
спортскиот директор на Барса, и тој ми кажа дека нема да играм на многу
натпревари. Ми беше гајле, знаев дека ќе станам милионер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×