Клубовите од Премиерлигата синоќа едногласно дадоа зелено светло за враќање
на тренинг. Од денеска започнува првата фаза, ќе се тренира во помали групи,
под строги протоколи, со задолжителна социјална дистанца и без контакт.
Капитенот на Вотфорд, Трој Дини сепак нема да се појави на тренинг. Напаѓачот
вели дека многу прашања останале неодговорени па нема да ризикува, особено што
дома има петмесечно бебе со потешкотии при дишењето.
„Оваа недела треба да почнеме со тренинзи, но јас нема да се вратам. Кога
имавме состанок, поставив неколку едноставни прашања. Со оглед на тоа дека црномурестите
луѓе, Азијците и други етнички групи имаат четири пати поголеми шанси да се
заразат, и два пати поголеми шанси за долгорични последици, дали има некој
дополнителен скрининг? Работи поврзани со срцето, дали има некакви проблеми?“ –
вели Трој Дини.
„Не можам да одам на бербер до средината на јули, но можам да влезам во
шеснаесетник со 19 играчи, да се борам за топка и воздушен дуел при корнер или прекин. Не разбирам
која е логиката во ова. Никој не одговори на прашањата, не дека не сакаат,
едноставно ги немаат потребните информации“.
„Не добив одговори, па чим никој нема одговори, зошто јас да ризикувам?“
„Го загубив татко ми, баба ми, дедо ми… Починаа речиси сите кои ми биле
драги. Па поважно ми е блиските да ми се живи наместо да имам повеќе пари во
џебот“.
„Зборуваат дека ќе работиме во многу безбедна околина, но доволно е само
еден да се зарази и сите потоа да заболиме. Не сакам коронавирусот да го
однесам дома“.
„Неодамна добив син, мојот син има само пет месеци и потешкотии при
дишењето, па не сакам кога ќе се вратам дома да го ставам во опасност“.