Човекот кој најдобро го познава Лаутаро, го советува да оди во Барселона

by
1 минути читање

Адриан Рубен Фернандез е главен на младинскиот фудбал во Расинг клуб, тој беше клучен за развивање на потенцијалот на Лаутаро Мартинез до 2018 година кога напаѓачот замина во Интер за сума од 22,7 милиони евра.

„Тој е многу паметен, фокусиран и мирен дечко“, вели Фернандез за каталонскиот весник „Спорт“.

„Лаутаро отсекогаш знаеше дека сака да биде професионален фудбалер и направи се за да го оствари тоа“.

„Одби понуда од Реал Мадрид бидејќи ние му рековме дека треба да остане тука и прво да заигра за сениорскиот тим на Расинг пред да замине во Европа“.

„За среќа послуша и официјалното деби го имаше на 31 октомври 2015 година на само 18 години, тогаш го замени единствениот Диего Милито“.

„Вистината е дека во Италија, Лаутаро покажа се што мислевме дека може да даде. Тој не изненади нас, и се уште не изненадува бидејќи секогаш напредува без разлика што е толку млад, тој е комплетен напраѓач и вистински голгетер“.

„Ги има истите карактеристики како Серхио Агуеро. Верувам дека го следи патот на Агуеро и ќе има еднакво успешна кариера како и тој“.

„Знам дека ќе биде многу добар во Барселона покрај Меси, Лаутаро ќе биде одлична замена за Луис Суарез“.

„Тој е идеалниот наследник, има голем потенцијал, а Барса ќе му дозволи да се развие како фудбалер и како човек“.

„Јас би му рекол да оди во Барселона и да игра со најдобриот фудбалер во светот кој има 32 години и има уште 3-4 сезони пред него“.

„Да се биде соиграч на Меси во Барселона ќе го извади најдоброто од него, а корист ќе има и Аргентина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×