165
Убав меч со многу шанси и пет голови одиграа Вердер и Леверкузен, гостите остварија многу важен триумф со кој дојдоа на бод до четвртата позиција. Тимот од Бремен е на претпоследната позиција и си намали шансите за опстанок.
Блесок во првото полувреме имаше Хаверц кој постигна два гола за Баерн Леверкузен, Гебре Селасие реализираше за Вердер.
20-годишниот Хаверц продолжи таму каде што застана,тој на последните девет меча за Леверкузен има седум голови и пет асистенции.
По 15. минути игра Веисер зголеми на 3-1, а конечните 4-1 за Леверкузен ги постави Демирбај со убав лоб на десет минути до крајот.