172
Започнува првата фаза од „Проект ре-старт“, клубовите од Премиерлигата денеска едногласно дадоа зелено светло за враќање на терените.
Од утре почнуваат со тренинзи во помали групи (најмногу пет фудбалери) и под строги протоколи, придржување до мерките за социјална дистанца и без контакт.
Изминативе денови имаше многу шпекулации дека голем број на фудбалери стравуваат за своето здравје и не сакаат да се вратат на тренинг, но од Премиерлигата брифираат дека договорот е постигнат по консултации со играчите, тренерите, клупските доктори, независни експерти и владата.