Се вратија
фудбалските возбудувања во Германија, а истовремено се вратија и головите на
машината за погодоци, напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, кој го
постигна првиот гол во Бундеслигата по нејзиното враќање.
Борусија Дортмунд
славеше со убедливи 4-0 над Шалке 04 во дербито на 26. коло, со тоа што 19
годишниот Норвежанец го постигна 10. гол сезонава за „Милионерите“, клуб за кој
потпиша во јануари годинава.
Постоеа многу
гиганти кои беа сериозно загреани за услугите на Халанд, а неговиот агент,
контроверзниот Мино Рајола открива зошто неговиот клиент не се преселил во
Јувентус.
„Зошто Халанд не
се пресели во Јувентус? Тие ќе го вметнаа во составот за фудбалери до 23 години“
вели Рајола во изјавата за „Ла Република“, алудирајќи на тоа дека одлуката за трансфер во Борусија Дортмунд најмногу одговарала со минутажата на теренот.
Нема дилеми во
тоа дека Халанд мошне брзо се адаптираше во составот на Борусија Дортмунд, клуб
со кој има откупна клаузула во договорот вредна 75 милиони евра, а истата може
да се активира уште идното лето, а се верува дека Јувентус ќе тргне по неговиот
потпис веднаш штом се укаже таква прилика за италијанскиот првак.