Ди Марцио: Јувентус само под еден услов ќе го испрати Пјаниќ во Барселона

by
1 минути читање

Каталонскиот весник Спорт синоќа најави голема трампа помеѓу Барселона и Јувентус, односно зделка во која Нелсон Семедо ќе се пресели во Торино во замена за Миралем Пјаниќ, Матија Де Шиљо и плус 25 милиони евра.

Два извори веднаш ги негираа ваквите гласини, а на оваа тема се огласи и трансфер експертот на Скај Спорт Италија, Џанлука Ди Марцио.

Тој вели дека Јувентус само под еден услов ќе го испрати Миралем Пјаниќ во Барселона, односно доколку за возврат го добие Артур Мело.

Токму името на Бразилецот беше споменато пред неколку недели кога се појавија гласини за преговори помеѓу двата клуба, но фудбалерот од средниот ред одбива да замине од Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×