Стигнат демант за големата трампа помеѓу Барса и Јуве: Сумата и играчите кои се споменуваат не се точни

by
1 минути читање

Попладнево, каталонскиот
весник Спорт објави дека Барселона и Јувентус си подале рака за зделка според
која Нелсон Семедо ќе се пресели во Торино, а во спротивен правец ќе завршат
Миралем Пјаниќ и Матија Де Шиљо. „Старата дама“ исто така ќе доплати и 25
милиони евра.

Сепак, два извори
ја демантираа сторијата. Прв се огласи новинарот Ромео Агрести, кој е дописник на Гоал за Јувентус. Тој на Твитер напиша дека има преговори, но не
и договор помеѓу двата клуба.

„Нема потврда
дека начелно е постигнат договор помеѓу Јувентус и Барса. Клубовите се во
контакт и студираат неколку операции. Но до овој момен нема никаков договор“

напиша Агрести.

Со слични
информации излезе и шпанскиот новинар Алфредо Мартинез од Онда Серо.

„Моите информации
велат дека нема договор и дека сумата и играчите кои се споменати не се точни. Вистина
е само дека Барселона е заинтересирана за Пјаниќ од Јувентус. Но има многу
работа“
– напиша Мартинез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×