Бундеслигата денеска
продолжи по два месеци пауза поради пандемијата од коронавирс. На многумина им
е мило што одново можат да уживаат во врвен фудбал, но има и такви на кои им
пречат одредени работи.
Фудбалот во
следниот период ќе се игра под строги правила и протоколи за социјална
дистанца, а особено боди во очи тоа што фудбалерите не можат заедно да ги
слават погодоците. Сеск Фабрегас беше првиот кој се побуни, а истото сега го
стори и Радамел Фалкао.
Колумбиецот не
гледа логика во тоа фудбалерите да не можат да се прегрнат при прослава ако во
предвид се земе декае сите се на купче при изведување на корнери.
„Гледам дека
фудбалот се врати и се чудам, Дали има некоја техничка причина поради која не е
дозволено прегрнување при прославата на голови? Во текот на натпреварот,
фудбалерите се во постојан контакт. Кога се изведува корнер, дефанзивеците ви
се качуваат на грб!“ – напиша напаѓачот на Галатасарај на социјалните мрежи.