496
19 годишниот напаѓач урна еден куп рекорди по преселбата во Борусија
Дортмунд во зимскиот преоден рок, погоди на своето деби во Бундеслигата, на
дебито во Купот на Германија и на дебито во Лигата на шампионите во дресот на
„милионерите“.
Веројатно не можеше да биде поинаку, па Ерлинг Халанд го постигна и првиот
гол по ре-стартот на Бундеслигата. Топката на терените во Германија денеска продолжи
да се тркала со пет натпревари од 15:30 часот, а на Норвежанецот му требаше половина час за да ја начне мрежата
на Шалке во големото локално дерби.