За очекување е трансфер
сумите во светот на фудбалот драстично да паднат по пандемијата на коронавирус,
клубовите нема да можат да се расфрлаат со пари како што тоа го правеа до пред
неколку месеци.
Манчестер
јунајтед е еден од клубовите кои се надеваше дека ќе профитира од
корона-кризата и за двојно помала сума да стигне до услугите на Карлос Винисиус
од Бенфика. „Ѓаволите“ сметале дека со 35 милиони фунти (40 милиони евра) ќе
успеат да ги убедат „орлите“ да се разделат со напаѓачот, кој оваа сезона има
20 погодоци и 12 асистенции зад своето име.
Сепак, Бенфика
нема да дава попуст, клубот од Лисабон инсистира да бидат платени 100 милиони
евра, колку што изнесува откупната клаузула.
„Орлите“ сметаат
дека тие се во силна позиција со оглед на тоа што Карлос Винисиус има уште четири
години од договорот.
Се шпекулира дека
интерес за напаѓачот пројавува и Вулверхемптон, „волците“ се обиделе да го
купат голгетерот и минатото лето, но тогаш проблем била работната виза.