Расте протестот
кај клубовите во Серија А поради првичниот протокол по кој би требало да се
продолжи актуелната сезона која во моментов е во застој поради пандемијата со
коронавирусот, всушност, едно правило посебно им боде во очи на клубовите.
Клубовите и
самите фудбалери бараат од Серија А да издејствува за одредени промени во
протоколот од тамошните власти, а времето полека но сигурно станува кратко за
нив во пресрет на враќањето на клупските обврски.
Групните тренинзи
ќе можат да продолжат од 18. мај, а првично, планот е натпреварите да продолжат
почнувајќи од 13. јуни, меѓутоа, едно правило може лесно да ја затвори сезоната
во Италија, и тоа за конечен крај на сезоната.
Се работи за
правило во медицинскиот протокол со кое во случај да има барем еден заразен со
коронавирус во некој клуб, во тој случај целиот тим оди во карантин цели 15
денови, а тоа се однесува на фудбалскиот, но и не-фудбалскиот персонал во
клубовите.
Практично, тоа би
значело дека во случај некој клуб да се соочи со такво сценарио, сезоната за
тој клуб би била завршена, а асоцијацијата на фудбалери и агенти објави и
соопштение денеска со кое јавно побара промени на наведениот протокол, а од
претходно јавна критика објавија и од медицинскиот персонал на клубовите.
Од медицинските
персонали особено се загрижија од фактот поради тоа што би можеле да бидат
главни виновници во случај на појава на заболен со вирусот дури и тоа да се
случи вон тренинг центарот на еден клуб.