Премиерлигата со
финални подготовки во пресрет на продолжението од актуелната сезона кое според
планот треба да се случи на 12. или 19. јуни, а дека сезоната ќе продолжи
известени се и ТВ компаниите.
„Спортсмејл“
објави дека ТВ компаниите биле известени дека сезоната ќе продолжи според нов
тек, иако понекогаш истиот беше користен, со тоа што еден натпревар ќе биде на
програмата во петок (12/19 јуни), а потоа ќе следат по четири одвоени
натпревари кои нема да се поклопуваат во сабота и недела, а секое коло би
требало да се комплетира со натпревар во понеделник.
Се уште се
дискутира околу програмата на натпреварите, меѓутоа на Островот известуваат
дека првиот дуел со кој сезоната би продолжила би можел да биде токму дербито помеѓу
Тотнем и Манчестер јунајтед.
Ова дерби беше во
рамките на 30. коло, предвидено да се одигра во недела пред самата одлука за
суспензија во март, меѓутоа се верува дека натпреварите би можеле да бидат
преместени во однос на тој распоред.
Претходно известивме
дека некои натпревари би оделе во живо на платформата „ЈуТјуб“, поради фактот
што Англичаните се децидни на идејата секој натпревар да биде пренесуван во
живо за сите љубители на фудбалот да имаат можност да ги проследат сите
случувања, очекувањата се пет натпревари од едно коло да бидат пренесувани на
таков начин.
Иако претходно се
најави дека ќе следиме натпревари секој ден, „Спортсмејл“ наведува дека во
Премиерлигата сакаат да се држат според предвидениот план со истата рутина како
и претходно, според програмската шема која ја пишавме нешто погоре во веста.
Се разгледуваат
сите можни детали и опции во пресрет на рестартот на сезоната, па така, една од
идеите е секако да се избегне било каков контакт помеѓу новинари и тренери,
капитени и останати членови на клубовите, па така, пресконференција по меч, или
пред меч, би се вршело преку видео линк, како што тоа го прават претставниците
на властите извесен период.
Дополнително, ТВ
компаниите како „Скај“ се уште немаат одлучено како би ги пренесувале
натпреварите, дали директно од стадионите, или преку одредено студи вон
стадионите, секако, со помал број на екипа од претходно.