Дозволени пет измени во Бундеслигата

by
2 минути читање

Германското
првенство е првото помеѓу најдобрите европски првенства кое се враќа на
програмата по двомесечна пауза поради глобалната пандемија предизвикана од
коронавирусот.

Нема никакви
дилеми дека сиот свет кој ја сака фудбалската игра со нетрпение сака да види
како ќе се одвиваат фудбалските настани во Германија, каде натпреварите ќе се
одржуваат под посебни протоколи.

Веројатно
највпечатливата мерка која во Германија ќе биде применета е фактот што при
евентуален заразен од коронавирус, нема да оди целиот тим во изолација, туку
само фудбалерот кој е позитивен на заразата, што не е таков случајот во
протоколот на Италијанците, односно е сосема спротивен и предвидува цел тим во
изолација во случај да има барем еден заразен.

Како и да е,
останува и отворено прашањето колку и тој дел од протоколот на Германците би
можел во целост да биде испочитуван, ако се земе во предвид дека по двата
позитивни теста во Динамо Дрезден, целиот тим беше испратен во карантин.

Друго,
натпреварите во Германија би можеле да бидат преместени на неутрални терени, во
случај да дојде до одредено жариште во некој дел од таа земја каде е предвидено
да се одиграат натпревари.

Тоа што е клучно,
Германците зацртаа една и единствена мисија, актуелната сезона да се комплетира
на теренот, а не на маса, да се одлучи на терен околу шампионот, ќе постои
испаѓање и промоција, меѓутоа, во случај Германците да бидат приморани да ја
завршат сезоната предвреме, ќе постои и друг план за да се анализира таквата
ситуација, а истиот план треба да се дефинира во следните неколку седмици.

Кога сме кај
најсилниот германски фудбалски шампионат, ќе наведеме дека по 25 одиграни кола
актуелниот првак Баерн Минхен со 55 бода е на првото место на табелата, следат
Борусија Дортмунд (51), Лајпциг (50), Борусија Менхенгладбах (49), односно Баер
Леверкузен (47).

Што се однесува
до долниот дел од табелата, последен е Падерборн (16), кој со Вердер (18) се
последните екипи во моментов, Фортуна Дизелдорф (22) е на позиција за плеј-оф
за опстанок во елитното друштво, а најблиску до овие екипи е Мајнц (26). 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×