Данецот важеше за
голем талент и фудбалер кој ветува, но наместо со фудбалски мајстории,
вниманието на јавноста го привлекуваше со глупостите кои ги правеше надвор од
терените.
Никлас Бендтнер
сега се пофали дека на покер изгубил преку 50 милиони дански круни, или околу
6,7 милиони евра. Почнал да игра на 19 години, обожавал да се надмудрува со
професионалци, но една вечер во Лондон работите за малку не излегле од контрола
по што решил да стави кочница, и на покерот да гледа само како на рекреација и забава.
„Имам изгубено
многу пари, неверојатна сума. На 19 години почнав да играм против против
професионалци. Тешко е да се каже колку точно сум изгубил, но сигурно преку 50
милиони дански круни. Тоа се пари потрошени на коцка, забава и проблеми“ – вели
„Лордот“.
„Не сум навлечен
на коцка, секогаш сум можел да се контролирам. Сепак, имаше неколку навистина
големи партии. Една вечер во Лондон работите излегоа од контрола, можеше да заврши
многу лошо. За среќа не заврши толку лошо, некако преживеав. По таа ноќ,
завршив со играњето покер со високи влогови. Сега играм на помали суми, рекреативно
и чисто од забава. Со другарите ќе имаме покер вечер за некој ден но со влог од
стотина круни (13-14 евра)“.