Мурињо го кренал гласот на синоќешниот состанок: Ако не ви се игра фудбал, седете дома и гледајте Бундеслига!

by
1 минути читање

Премиерлигата со недели
работи на „Проект ре-старт“ и доби зелено светло од владата на Велика Британија за продолжување на сезоната.
Сега треба да се дефинираат протоколите, па синоќа состанок имаа тренерите, а
потоа и капитените и преставниците на Асоцијацијата на фудбалери.

Како што пишува Мирор,
Жозе Мурињо бил главен поборник за враќање на тренинг и продолжување на сезоната.
Португалецот имал поддршка од поголемиот дел од колегите, но имало и такви кои
биле резервирани и сметале дека се избрзува со враќањето на терените.

Весниикот открива
дека „специјалниот“ испратил ситна провокација до тренерите кои мислат дека ова
не е време за фудбал, и кратко им порачал: „Ако не ви се игра, седете дома и
гледајте Бундеслига“.

Бундеслигата е
првото големо првенство од Европа кое ќе продолжи, натпревари во Германија ќе се играат веќе
викендов, додека сите останати прават планови за враќање во јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×