191
Фудбалерот на Тотнем, Деле Али доживеал вистинска хорор драма во својот дом. „Дејли Мејл“ пренесува дека тој бил мета на крадци и тоа додека седел во изолација во својот дом.
Крадците го држеле со нож додека го ограбувале, на крајот го удриле во лицето и си заминале со ограбениот плен.
Деле Али имал ситна повреда на лицето, но не е сериозно повреден.
Крадците од неговиот дом изнеле сериозна количина на накит и часовници.
Домот на Деле Али бил покриен со камери, снимките од грабежот се испратени на полицијата која го истражува случајот.