Ибрахимовиќ заборавил да го регистрира Ферарито од 2 милиони долари, сега го чека казна (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Ибракадабра“ има
еден куп лукзусни автомобили а неодамна за својот роденден се почасти со редок примерок на Ферари
Монца СП2.

Изминатиов
викенд, пред да се врати во Милано, Златан Ибрахимовиќ реши да се повози низ улиците
на Стокхолм и да го привлече вниманието на своите сонародници, тешко е да не се
забележи „ѕверка“ од 2 милиони долари која нема покрив и ветробранско стакло.

Па откако
фудбалерот ги „запали“ социјалните мрежи, влезе во проблеми. Испадна дека автомобилот не бил
регистриран и Златан Ибрахимовиќ ќе треба да плати казна.

„Регистрацијата е
истечена на 30. март“
– вели портпаролот на Агенцијата за сообраќај на Шведска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×