Шевченко: Еден ден сакам да се вратам во Милан како тренер

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер, а воедно и легенда на Милан, Андриј Шевченко потврди дека една од
неговите цели е еден ден да стане тренер на „Росонерите“, со што би се вратил
во клубот каде постигна 175 погодоци, а освои и две титули во Лигата на
шампионите.

43 годишниот
Шевченко до 2016. година е селектор на неговата Украина, меѓутоа не ја крие
примарната цел во неговиот нов предизвик како тренер.

Во моментов,
најважната работа е да се обидеме да ја завршиме сезоната, секој фудбалер треба
да даде се
од себе за да се
реализира тој план, потоа ќе видиме што ќе се случува следно, а ќе видиме и
каква иднина го чека Милан
“ вели Шевченко.

Сакам да се
вратам во Милан како тренер на таа екипа еден ден, Милан засекогаш ќе остане во
моето срце, премногу сум поврзан со навивачите на тој клуб
“ додаде Украинецот.

Ајде да видиме
што ќе се случи, дали воопшто би се случило тоа, но, една од моите цели е да се
вратам во Милан како тренер, во моментов размислувам само на Украина, фокусиран
сум на националниот тим
“ заклучи популарниот „Шева“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×