Левандовски го испофали Сане: Тој дефинитивно може да му помогне на Баерн Минхен

by
1 минути читање

Полскиот
интернационалец од редовите на германскиот првак Баерн Минхен, Роберт
Левандовски смета дека Лерој Сане би можел да биде клучен играч во редовите на
„Баварците“, тие обајцата беа ривали на терените во периодот кога Сане беше дел
од Шалке 04, моментално е член на Манчестер Сити.

Постојат многу
шпекулации, единствено што можам да кажам на оваа тема е фактот дека Сане е
одличен фудбалер со голем потенцијал и квалитет во себе кој може да функционира
одлично со своите соиграчи
“ вели Левандовски.

Не само во
Премиерлигата, или во Лигата на шампионите, ние и претходно видовме што може
тој да стори на теренот (во Шалке), тој дефинитивно би можел да ни помогне да
пронајдеме нови солуции во нашата игра
“ додава тој.

Ѕвездата на
Манчестер Сити подолг период се поврзува со трансфер во Баерн Минхен, се верува
дека Сане е примарна цел на раководството на тој клуб за претстојниот летен
преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×