Клубовите од
Серија А си легнаа на брашното па сезоната може да продолжи. Изминативе денови,
копјата се кршеа околу медицинскиот протокол. Екипите инсистираа да се следи
моделот на Бундеслигата каде во случај на позитивен фудбалер на коронавирус,
само фудбалерот оди во карантин.
Владата на
Италија пак инсистираше во случај на позитивен тест на фудбалер, сите играчи и
персоналот да одат во карантин, со што дополнително се компликуваат работите во време на згуснат распоред. Министерот за спорт одбиваше да потклекне под
притисокот, па клубовите немаа друг избор и го прифатија барањето.
Откако попладнево
владата даде зелено светло за тренинзите да почнат на 18. мај, Серија А веднаш свика
состанок на кој монозинството клубови го одредија датумот 13. јуни за ре-старт на првенството.
Доколку се оди
според планот, фудбал ќе се игра секој три-четири дена и сезоната треба да
заврши на 2. август.