Разгалениот Рабио се враќа во Италија и преку социјалните мрежи одговори на критиките (ФОТО)

by
1 минути читање

Иако речиси и ништо не одигра откако пристигна во Јувентус, Рабио постојано е незадоволен поради нешто и најверојатно брзо ќе ја промени средината.

Италијанските медиуми пишуваа дека тој сака да си оди од Јувентус и поради тоа штрајкува, не сака да се врати во Италија.

Но, Рабио денеска ќе пристигне во Торино, а на социјалните мрежи иронично се пошегува со написите за неговото штрајкување со објава на стори на инстаграм.

„Кога ќе сфатиш дека е последниот ден од… штрајкот!“, напиша иронично Рабио.

Рабио има 25 години но досега не го покажа својот потенцијал. Агент му е неговата мајка веројатно има поголемо мислење за својот син од реалното, па повеќе се грижи да го продаде во голем клуб иако се чини дека тој не се снаоѓа најдобро.

ПСЖ во последната година имаше проблеми со Рабио, Јувентус има уште во првата, па многу е веројатно дека ќе го продаде или ќе го пушти во некој тим каде што може да има поголема минутажа.

Рабио добива 7 милиони евра годишна плата, не дава реален придонес на теренот, но се буни за намалување на примањата поради коронавирусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×