647
Пандев беше значајна алка во тимот на Интер кој под водство на Мурињо ја освои Лигата на шампионите, Скудетото и Купот на Италија. Тројна круна која досега ниту еден друг италијански тим не успеал да ја освои.
Интер на Горан Пандев му испрати маичка по тој повод, а капитенот на македонската репрезентација се пофали преку стори на својот инстаграм профил.
