Враќањето на
италијанскиот фудбал се уште не е дефиниран, иако постојат најави дека тоа ќе
се реализира, под строги критериуми, и протокол кој веројатно не е прифатлив за
сите, а сега се појавува загриженост кај медицинскиот персонал во клубовите.
Многумина од нив
се закануваат дека ќе се повлечат од предвидениот протокол во случај тие да
бидат директни виновници кога би имало позитивен случај на Ковид-19 кај
фудбалерите.
Владата и
комисијата за заразни болести во Италија веќе го испратија предвидениот протокол
за Серија А, со тоа што се бараат одредени критериуми и услови пред клубовите
да почнат со групни тренинзи од 18. мај.
Протоколот во
Италија ни одблизу не е како тој во Германија и Англија, каде во случај
фудбалер да биде заболен од коронавирус, истиот веднаш оди во изолација, но, во
Италија таков случај би значело дека целата екипа каде има заболен играч оди во
15 дневен карантин.
„Ние веќе го
алармиравме правниот тим кој соработува со нашата асоцијација, откако го
прочитавме протоколот“ изјави претседателот на Асоцијацијата на медицински лица
во фудбалските клубови во Италија, Енрико Кастелаци за „Радио Пунто Нуово“, за
нив спорен е моментот кога при евентуален позитивен случај кај фудбалерите,
одговорност би требало да преземе клупскиот доктор.
„Добив многу
пораки од колегите во Серија Б, тие се заканија дека ќе се повлечат поради
големата одговорност, во случај истата да не се разгледа поинаку, со тоа што
истото би значело и правни консеквенции, клубовите мораат да преземат дел од
одговорноста“ додава тој во изјавата.
„Карантинот
креира голем хендикеп, би било многу полесно да го следиме германскиот модел,
би можеле да го изолираме само фудбалерот кој се инфицирал на заразата, да ги
направиме потребните тестови и да се вратиме повторно на тренинзите, ние во
моментов размислуваме околу продолжување на натпреварите, а не ја отфрламе
можноста повторно да сопреме со натпреварите“ заклучи Кастелаци.