Њукасл тргнува по Бејл

by
1 минути читање

Њукасл е
подготвен да издвои 53 милиони фунти како понуда до Реал Мадрид за да го врати
Герет Бејл во Премиерлигата претстојниов летен преоден рок, откако и повеќе од
јасно е дека за Велшанецот нема место во плановите и идеите на Зинедин Зидан.

Не е тајна дека
постои тивка војна помеѓу Бејл и Реал Мадрид, Велшанецот одбива да си замине од
клубот каде има астрономска плата, па му одговара да остане во клубот и целосно
да си го одработи својот договор.

Како и да е, „ФорФорТу“
известува дека за услугите на Бејл интерес имаат пријавено три клубови, а
помеѓу истите се наоѓа и Њукасл, што за многумина е помалку изненадувачка вест,
но, не до толку ако се земе во предвид дека касата на Њукасл ќе биде многу
побогата од што е, откако клубот ќе биде и официјално во сопственост на
Саудијците, за што се чека само на формалност.

Од друга страна
пак, интерес за Бејл има пријавено и Интер Мајами на Дејвид Бекам, а не се
исклучува можноста Велшанецот да се врати во Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×