Лапорта има голем адут во обидот да се врати на претседателската функција во Барселона

by
1 минути читање

Жоан Лапорта ќе
притиска на идејата да го врати назад во Барселона, Пеп Гвардиола, доколку
неговите обиди да се врати на претседателската фотелја во клубот успешно се
реализираат идната 2021. година.

Лапорта беше прв
човек на Барселона во периодот од 2003. до 2010. година, токму тој му ја укажа
приликата на Гвардиола за тој да биде шеф на стручниот штаб на Каталонците,
позиција на које беше назначен во 2008. година.

Работам на тоа
да се претставам како кандидат за претседател, бев на таа позиција претходно, а
сега сум возбуден во обидите да се вратам
“ вели Лапорта за каталонската тв
станица „ТВ3“.

Премногу би
сакал Гвардиола да се врати, но, во моментов тој е во Манчестер Сити, тоа е
одлука која токму Пеп би требало да ја донесе, тој остави голема трага во
клубов, многу Каталонци ја делат оваа желба, за Пеп повторно да биде тренер на
Барса, кога ќе дојде вистинскиот момент, јас ќе зборувам со особата за која
сите ние би сметале дека е најдобрата опција за да биде тренер на Барселона од
2021. година
“ додаде тој.

Барселона освои
14 трофеи во периодот додека таа екипа беше предводена од Гвардиола на клупата,
вклучувајќи три титули во Примера, две во Лигата на шампионите, до моментот на
повлекувањето на Пеп во 2012. година.

Гвардиола е под
договор со актуелниот англиски првак Манчестер Сити до идната година, а
изборите во Барселона ќе се одржат токму во тој период, а вреди да се подвлече
дека во Барселона се одвиваа доста големи превирања во самиот клуб, особено
минатиот месец кога во протест поради начинот на кој се води тој клуб, дури
шест директори си дадоа оставка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×