Дефанзивецот на
Јувентус минатата недела ја промовираше својата книга, а за медиумите прилично
интересен беше делот во кој Џорџо Кјелини пишува лоши работи за Марио Балотели
и Фелипе Мело.
Двајцата
фудбалери веднаш реагираа и жестоко одговорија, но Марио Балотели и Џорџо Кјелини брзо се помирија.
Виновни за ова се новинарите од шоуто „Ле јене“, кои најпрво беа на гости кај
напаѓачот на Бреша а потоа се сретнаа и со ѕвездата на Јувентус, за на крајот
да ги натераат двајцата фудбалери да имаат видео разговор.
Марио Балотели на
Џорџо Кјелини му испрати дрес со посебна посвета: „Иако неочекувано ми заби нож
во грб, јас и понатаму те сакам, ти праќам прегратка“.
Џорџо Кјелини пак
на Марио Балотели му испрати копија од книгата исто така со посвета: „За Марио,
учам многу од грешките и продолжувам да го правам тоа секој ден. Ти посакувам
се најдобро, се надевам дека наскоро ќе се видиме на теренот!“
За време на видео
повикот помеѓу беа разменети и неколку шеги, Бало му порача на
Кјелини: „Прв пат во мојот живот јас не бев виновен за некоја збрка, туку ти си
виновен“.
„Ти завидував!
Бидејќи во животот мора да правиш грешки за да станеш подобар човек“ – одговори Кјелини.
Со оглед на тоа
колку глупости и грешки има направено популарниот Супер Марио, со голема
насмевка кратко додаде: „Тогаш јас сум перфектен“.