„Каталонците“
сакаат летоска да го донесат Лаутаро Мартинез на Камп Ноу и се верува дека веќе
се имаат договорено со играчот. Но проблем се преговорите со Интер, „нероаѕурите“
бараат 111 милиони евра за услугите на напаѓачот и се подготвени да ја спуштат
цената само доколку добијат играч по нивна мерка.
Изминативе денови
често имаше гласини дека на Интер не му се допаѓаат имињата кои ги нуди
Барселона, но според пишувањата на Кориере дело Спорт, шампионот на Шпанија
можеби ја пронашол добитната формула.
Весникот пишува за
трансфер триаголник во кој ќе биде инволвиран и Манчестер Сити, одсноно Барса
најпрво со „граѓаните“ ќе направи трампа Нелсон Семедо за Жоао Кансело.
Потоа Жоао
Кансело ќе биде испрате во Милано како дел од трансферот на Лаутаро Мартинез. Португалецот
им е добро познат на лидерите на Интер, една сезона играше на позајмица во
„црно-синиот“ дрес, но не продолжи откако Интер одби на Валенсија да и плати 40
милиони евра.
Неговите добри
игри сепак беа препорака за богат трансфер во Калчото, и тоа во редовите на лутиот
ривал Јувентус, од каде потоа се пресели во Манчестер Сити за 65 милиони евра.